Квалитет

Квалитетот на месото и производите кои што доаѓаат од погоните на Перутнина Птуј не се случи преку ноќ. Тој произлегува од традицијата на домашното одгледување и внимателно следење и надгледување на сите фази на производниот процес кој што е гарантиран со многубројните сертификати и стандарди за квалитет.

 

PP slika kakovost MK

Природни карактеристики

Месото од живина има многу квалитети и е пригодно за секој оброк. Малата содржина на незаситени масти, белковините со голема биолошка вредност, витамините од групата B и потребните масни киселини се основните карактеристики на месото од живина и во исто време се од суштинско значење за нашиот раст и развој. 

Карактеристичен вкус на производите

Перутнина Птуј се разликува од другите европски производители пред сè со малите фарми, распрскани низ внатрешноста на Словенија во природно опкружување, внимателно контролираното одгледување во затворени кокошарници и личниот однос и грижата на одгледувачите за одгледување на живината на пријатен начин, што резултира со карактеристичен вкус на производите.

Карактеристичен вкус на производите

Следливо словенечко потекло

Сите производни процеси почнуваат, се извршуваат и завршуваат во Словенија. Постапката за обезбедување следливост нè води од крајниот производ назад сè до користените суровини. Одгледувачот, датумот на производство и другите податоци за производниот процес се соодветно контролирани и документирани во интерните документи на Перутнина Птуј. Адресата на одгледувачот означена на етикетите на пакуваното свежо месо Натур е информација за оние кои сакаат да знаат во чии кокошарници е одгледувана живината. Бројот „LOT“ е број отпечатен на пакувањето (до ознаката L) кој го означува потеклото кога не е наведен одгледувачот. Ако одгледувачот не е наведен на пакувањето, следливоста е означена на пакувањето со помал отпечатен број наречен „LOT“.

Следливо словенечко потекло

Храна за живина

Храната на нашата живина не содржи хормони, антибиотици или суровини од животинско потекло и се произведува под будното око на нашите експерти во мелниците на Перутнина Птуј. Главно е составена од пченка, соја, пченица, минерали и витамини.

Контрола на секоја фаза

Перутнина Птуј е еден од ретките системи за производство на храна што во производството на храна користи производни синџири кои овозможуваат контрола на сите фази од производството. Дневно вршиме повеќе од 500 лабораториски анализи. Континуираната контрола преку нашите ветеринарни станици и постојаните државни ветеринарни инспекции го гарантираат интегритетот и безбедноста на сите наши производи.

Сите фази на производството и дистрибуцијата подлежат на строги прописи за безбедност, а нивната следливост е обезбедена преку HACCP, поставениот систем за контрола на критичните точки кој ја сведува можноста за несоодветен квалитет на крајниот производ практично на нула.

Контрола на секоја фаза

Сертификати и стандарди за квалитет

Нашите високи стандарди за квалитет ја отвораат вратата до потрошувачите со големи барања во Европа и другите земји. Успешната долгогодишна дејност ни донесе статус на посакуван и сигурен снабдувач кој ги продава своите производи во повеќе од 20 држави во светот.