Пирамида на исхрана

Пирамидата на исхрана на сликовит и едноставен начин обезбедува основни информации во врска со групите храна, за да ни помогне да планираме балансирана исхрана.

Пирамида на исхрана

Добредојдена помош

Пирамидата може да ви помогне да го планирате вашето дневно мени кое ќе ви обезбеди доволно енергија, протеини, јагленихидрати, витамини, минерали и прехранбени влакна кои ви се потребни за да го надминете секојдневниот психофизички напор.

Оваа општо прифатена пирамида на исхрана е креирана од страна на експерти од Светската здравствена организација (СЗО).

Разбирање на пирамидата на исхрана

Групите храна во пирамидата се поделени на секции; колку е поголема секцијата, толку поголем треба да биде процентот на дневен внес на храната. Прехранбените производи сместени на врвот на пирамидата треба да се консумираат во помали количества и поретко, додека пак прехранбените производи на дното на пирамидата можат да се консумираат во поголеми количества и почесто. Позицијата на производите во пирамидата се одредува според нивната хранлива вредност. На пример, колачите имаат многу калории, но содржат многу малку, или воопшто не содржат витамини и минерали и според тоа се сместени на врвот на пирамидата.

Заднината на пирамидата е обоена на принцип на семафор. Производите класифицирани како зелени треба да се јадат почесто, производите класифицирани како жолти треба да се јадат во ограничена количества, а производите класифицирани како црвени треба да се јадат повремено и во многу мали количества.

Каде се наоѓа месото од живина во пирамидата?

Месото од живината е сместено во средината на пирамидата и, според препораките на СЗО, тоа е меѓу најсоодветните видови месо што треба почесто да се консумираат, заедно со рибата. Се разбира, мислиме на немасните делови од месото од живина. Експертите го препорачуваат месото од живина поради неговите поволни хранливи вредности, затоа што тоа е богат извор на протеини, витамини, минерали и здрави масти.

Квалитет пред сè

Пирамидата може да се користи како водич во изборот на групите храна. Сепак, запомнете дека сè што консумирате треба да биде здраво и со висок квалитет, а тоа особено важи за месото. Само висококвалитетната здрава храна е извор на сите хранливи материи, според кои експертите ја утврдуваат позицијата на храната во пирамидата.