• Фит филетини Натур Премиум

    Пилешко мини филе, нежно зачинето со вкусна маринада „Фит“ е одличен избор за брз, лесен и здрав оброк. При подготовката на јадењето може да ѝ се препуштиш на својата креативност, а можеш да се обидеш со салата.

    Пакување: 300 g

  • BBQ стек Натур Премиум

    Сочниот стек од пилешки копани (без коски и кожa) зачинет со BBQ маринадата ги доловува вкусовите на летото и во текот на сите годишни времиња. Идеален е за подготвување на бургери. 

    Пакување: 300 g

  • Медитеранско пиле

    Медитеранецот е за сите годишни времиња. И во најоблачните денови во нашиот дом ги повикува морето и сонцето.

    Совет: Медитеранското пиле во рерната и на чинијата одлично се чувствува во друштво на печени компири со рузмарин.

    Пакување: цца. 1,6 kg

  • Натур Премиум пиле

    Месото на пилето Натур Премиум е цврсто, сочно и со нежен вкус. За здрав семеен оброк. Целото пиле богато зачинете го однатре и однадвор и испечете го во рерна, а уште подобро на затворена скара или во фурна за печење леб. Можете да употребите ќесе за печење, но малку пред крајот на печењето исечете го, за да може кожичката крцкаво да се запече.

    Пакување: цца. 1,6 kg

  • Натур Премиум пилешко филе

    Пилешко филе – месо од пилешки гради без коска, без кожа. Најдобар избор за исхрана што го штити вашето здравје – со висок процент на протеини и ниска содржина на маснотии.

    Пакување: 500 g

  • Натур Премиум пилешки копан

    Пилешки копани или долниот дел од пилешките копани – најомиленото парче месо за пржење во длабоко масло. На лебните трошки при похувањето додадете им сусам или семки од тиква.

    Пакување: 500 g, 800 g

  • Натур премиум пилешки крилца

    Пилешките крилца навистина не спаѓаат во прехранбени производи, коишто го штитат вашето здравје, бидејќи содржат повеќе кожа од останатите делови од пилето, но токму во тоа се крие тајната, зошто се толку омилени. Вкусно зачинети, крцкаво запечени на скара или во рерна, тие секогаш се одличен избор.

    Пакување: 500 g, 800 g

  • Натур Премиум пилешки надкопан без коски и кожа

    Пилешки надкопан, без коски и без кожа – горен дел од пилешките копани. Најсочниот и најмекиот дел од пилето. Одлични се за подготвување на поховани или пржени шницли, увијачи и други јадења во вок или обична тава.

    Пакување: 500 g, 800 g

  • Натур Премиум пилешко мини филе

    За извонредни јадења каде што царува крцкавото, сочно, мини филе. Печено на скара или пoхувано, како главно јадење или дел од салата. Секогаш вкусно и лесно! 

    Пакување: 400 g, 800 g

  • Натур Премиум горни делови од пилешки крилца

    Горниот дел од пилешките крилца има атрактивен изглед на мали копанчиња. Послужете ги крцкаво печени, со сос за макање, одличен ,,фингер фуд’’.

    Пакување: 500 g

  • Натур Премиум пилешка шницла од филе

    Шницлите од пилешко месо се одлични за лесен, нежен и брзо подготвен оброк. Најдобар избор за нискокалорична исхрана – со висок процент на протеини и ниска содржина на масти.

    Пакување: 500 g

  • Натур Премиум пилешки копан со надкопан

    Одлични за секоја ситуација. Особено кога ќе посакате меки и сочни парчиња црвено пилешко месо.

    Пакување: 550 g