Ароматични пилешки ролати

Ароматичните пилешки ролати со кашкавал се совршено јадење на кое никој не може да му одолее. Послужете ги како предјадење или како главно јадење. Тоа зависи од прилозите.

 

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Топли предјадења

Состојки

600 g пилешко филе или стек
120 g сечени пилешки гради
120 g кашкавал едамер
1 чајна лажичка мелен ѓумбир
1 чајна лажичка благ црвен пипер
1 супена лажица соја-сос
сол
мелен црн пипер
маст за печење

Исечете го филето на тенки стекови колку што е можно поголеми, покријте ги со пластична фолија и истолчете ги со чекан за месо. Посипете со ѓумбир и зачинете со сол и црн пипер.

Покријте ги стековите со исечените пилешки гради и кашкавал. Цврсто завиткајте ги како ролат и заврзете ги со готварски конец.

Пржете ги на тава за пржење и на средна температура околу 15 минути. За време на пржењето вртете ги ролатите и додадете вода ако е потребно. Пред самиот крај на готвењето, посипете ги ролатите со црвен пипер и, по избор, турете малку соја-сос врз нив.

Послужете со прилог по ваш избор.

Пилешко филе

Пилешки гради