Динстана кисела зелка со шунка од мисирка

Динстаната кисела зелка е совршена за студените зимски денови. Подготвена во вок тава на сечкан лук, со додадени парчиња шунка од мисирка има недостижен вкус.

  • Време за приготвување 40 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

400 g шунка од мисирка „Слим и фит“
600 g кисела зелка
2 чешниња лук
1 чајна лажичка зрна ким
1 супена лажица масло
3 dl вода
сол
мелен црн пипер

Измијте ја киселата зелка со вода за да се измие киселиот сок (мијте ја 3 минути во цедалка со ладна вода) и оставете да се исцеди. Ставете масло во тава за пржење или вок тава и додадете сечкан лук и пропржете. Додадете ја киселата зелка и зачинете со сол, црн пипер и ким. По некое време, турете вода, измешајте и оставете да се динста.

Во меѓувреме, исечете ја шунката од мисирка на коцки 1×1 cm и додадете ја во киселата зелка. Динстајте уште 5 до 7 минути на слаб оган и послужете со варени компири.