Киснати мафини со салама Поли

Мафините обично се слатки, но зошто за промена не пробате солени киснати мафини со салама Поли и зачини. Тие се одлични како предјадење, закуска или вечера.

  • Време за приготвување 120 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Ладни предјадења

Состојки

200 g салама Поли
500 g бело брашно
1 обичен јогурт
1 пакување сув квасец
1,2 dl млеко
3 супени лажици масло
Сол
зачини по желба (босилек, рузмарин, мајоран, оригано)
изматено јајце за премачкување

Од брашното, млакото млеко, јогуртот, сувиот квасец, маслото и солта замесете средно густо тесто. Додајте ја саламата Поли исечкана на мали коцки и зачините и оставете тестото да нарасне.

Измесете го нараснатото тесто и поделете го на 24 еднакви парчиња. Секое парче обликувајте го во форма на топка, ставете го во хартиена кошничка и потоа во тава за мафини.

Оставете мафините повторно да нараснат 10 до 15 минути (додека не ја удвојат големината) и премачкајте ги со изматеното јајце.

Нараснатите мафини печете ги 20 минути во рерна на 180 °C.

Поли