Кокошка во црвено вино

Пробајте го овој стар француски рецепт за вкусно јадење од месо. Не заборавајте дека пред да го зготвите, месото треба да се маринира во вино еден ден.

  • Време за приготвување 3 h

  • Ниво на сложеност Готварски предизвик

  • Тип Свети Мартин

Состојки

800 g кокошка сечена на парчиња
200 g зеленчук за супа (магдонос, моркови, кромид, лук)
тимијан и рузмарин
7 dl црвено трпезно вино
1 dl масло
50 g концентрирано доматно пире
20 g брашно
Коцка од путер и брашно (по потреба)
Сол и мелен црн пипер
Вино порто
120 g тенко сечени парчиња чадена сланина
120 g мали шампињони (само шапките)
120 g козји лук (шалот) или сребрени кромитчиња
1 супена лажица шеќер
масло за пржење
сечкан магдонос за декорација

Исчистете го месото и исечете го зеленчукот на парчиња. Маринирајте го месото 12 часа со зеленчукот за супа, зачините и црвеното вино.

Загрејте ја рерната на 140 °C. извадете го месото од маринадата и исцедете го зеленчукот (задржете го виното). Исушете го месото, зачинете го со сол и црн пипер и потпржете го во тава на врело масло. Извадете го месото од тавата и на истото масло испржете го исцедениот зеленчук со зачините. Додајте го доматното пире и пржете не додека испари течноста и пирето малку се затемни. Додајте брашно, турете го виното од маринадата, додајте сол и варете 10 минути. Ставете го месото во огноотпорна тава и прелијте го со сосот. Тавата покриена со капак ставете ја во загреаната рерна и оставете да се пече еден ипол час. Извадете го месото од сосот. Исцедете го сосот и ако е потребно згуснете го со коцката од путер и брашно. Зачинете го со сол, мелен црн пипер и вино порто.

Испржете ја чадената сланина во тава за пржење. Извадете ја од тавата, во тавата додајте малку масло и испржете ги шампињоните. Посолете по желба. Во тава пржете го шеќерот додека почне да карамелизира, додајте го козјиот лук или ситните кромитчиња, мешајте додека не добијат добра облога од карамел и гответе околу 5 минути.

Ставете ја кокошката на чинија за послужување, прелијте ја со сосот, додајте ја пржената чадена сланина, шампињоните и козјиот лук.

Се послужува со суфле од компири и преостанатиот сос.

* Коцка од путер и брашно е смеса од исто количество путер и брашно (брашно замесено со путер). Се користи за згуснување јадења и збогатување на вкусот.