Крцкава птујска посебна салама и шунка од мисирка со ореви

Децата и возрасните ќе ја засакаат оваа невообичаена закуска направена од барена салама, шунка од мисирка и ореви. Ако сакате луто, посипете ја закуската со чили во прав.

  • Време за приготвување 60 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Нова Година

Состојки

100 g индиски оревчиња
100 g бадеми или лешници
1 белка од јајце
1 чајна лажичка кафеав шеќер
½ чајна лажичка сол, црвен лут пипер, цимет во прав и мелени семки од ким
4 сечени парчиња птујска посебна салама
4 сечени парчиња шунка од мисирка

Загрејте ја рерната (по можност да биде со вентилатор) на 180 °C. Изматете ја белката од јајце со шеќерот за да направите не толку густо изматена белка. Додадете ги индиските оревчиња, бадемите и/или лешниците и сите зачини (сол, црвен лут пипер, цимет, ким). Добро измешајте. Покријте ја тавата за печење со хартија за печење. Ставете ја смесата на хартијата и ставете ја тавата во рерна. Почекајте околу 10 до 15 минути добро да се исуши. Извадете ја од рерна и искршете ја смесата на парчиња.

Земете ги парчињата од птујската посебна салама и шунката од мисирка, посипете со кафеав шеќер и ставете ги во рерната. Оставете ги околу 10 до 15 минути на температура од 180 °C додека парчињата не се испечат или исушат. Извадете ги од рерната и ставете ги парчињата на решетка. Оставете да се изладат. Кога доволно ќе се стегнат, исечете ги на парчињата во големина на ореви. Додадете ги во веќе подготвената смеса од индиски оревчиња, бадеми и лешници.

Послужете како закуска со пиво, вино, варено вино или други пијалаци. И децата ќе ја сакаат оваа закуска. Ако сакате попикантна закуска, посипете со чили во прав или некој друг лут зачин.