Крекери со намаз од авокадо и салама Поли

Карактеристичниот сладок вкус на авокадото добро оди со див лук и тенки парчиња салама Поли, аранжирани како мали цветови. За совршен мал залак.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Нова Година

Состојки

Тенки правоаголни крекери
Салама Поли
моркови
гранчиња магдонос
Намаз од авокадо
1 зрело авокадо
80 g ротквици
1 супена лажица сок од лимон
1 супена лажица мајонез
2 супени лажици ситно исечкан див лук (може да биде конзервиран во масло) или 1 ситно исечкано чешне лук
1 супена лажица сечкани капари
сол и мелен бел пипер

Пресечете го авокадото на половина, отстранете ја семката, и со лажица извадете го месестиот дел од овошката. Исечете ја ротквицата на мали коцки. Со виљушка изгмечете го месото од авокадото, додадете сок од лимон (за да не потемни), мајонез, исечканиот див лук или лук, капери, сол и пипер. Измешајте го и ставете на крекерите. На врвот на секој крекер ставете две парчиња салама Поли аранжирани како мал цвет. Украсете со морков, исечен на ленти и гранче магдонос.