Крекери со пилешка паштета

Зошто да не ги грицкате овие мали крекери со убаво аранжирана паштета врз нив, декорирани и зачинети на ваш начин.

  • Време за приготвување 15 min

  • Ниво на сложеност Лесно

  • Тип Нова Година

Состојки

Тркалезни крекери
пилешка паштета
варени јајца
мајонез
свежа пиперка
листови рукола

На крекерите ставете јајце и на него ставете паштета (паштетата можете да ја зачините со малку путер и исечкани зачини, на пр. мајоран, магдонос...). Украсете со лист од рукола и коцки од свежа пиперка.