Ленти од пилешко месо со кикиритки

Сакате нешто поегзотично? Подгответе пилешко со кикиритки во вок тава и послужете примамлив, лесно зачинето јадење со мирис на Азија. Едноставно и навистина вкусно.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

700 g пилешко филе или наткопани
100 g несолени лупени кикиритки
300 g праз
4 чешниња лук
1 чили пиперка
2 dl бело вино
1 супена лажица ѓумбир
1 супена лажица соја-сос
густин за згуснување
сол
мелен црн пипер
масло за пржење

Исечете ги пилешкото филе на ленти и празот на тркалца, исечкајте ги лукот и чили пиперката, излупете го ѓумбирот и ситно изрендајте го. Загрејте масло во вок тава и пржете ги кикиритките додека не добијат светло кафеава боја, додадете ги пилешките ленти и мешајте додека месото не се коагулира. Додадете го лукот, чили пиперката и кратко пропржете. Турете го виното и соја-сосот, додадете го ренданиот ѓумбир и динстајте околу 8 минути.

Измешајте го густинот со малку вода и згуснете го сосот. Оставете добро да изврие и доколку е потребно, подобрете го вкусот со сол и црн пипер. Послужете со оризови резанки или ориз.

Пилешко филе