Мисиркини ролати со суви сливи

Само еден поглед и ќе бидете маѓепсани од овие вкусни ролати со светло мисиркино филе и црни сливи. Не треба да бидете врвен готвач за да го подготвите ова јадење, но дефинитивно ќе наликувате на врвен готвач.

  • Време за приготвување 60 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

600 g филе од мисирка
200 g суви сливи без семки
2 чешниња лук
сол
мелен црн пипер

Исечете ги сувите сливи на мали коцки, излупете го лукот и ситно исечкате го.

Направете стекови од филето од мисирка, покријте го со пластична фолија и истолчете ги со чекан за месо. Зачинете ги стековите со сечкан лук, сол и црн пипер и посипете ги со суви сливи. Цврсто завиткајте ги како ролат и заврзете ги со готварски конец. Ставете ги ролатите во тава за печење, турете малку вода и печете на 180 °C околу 30 минути. Времето за печење зависи од големината на ролатите.

Исечете ги печените ролати, потурете ги со сосот од печењето и послужете со прилог.

Мисиркини Медаљони