Пилешка тортиља со печен зеленчук

  • Време за приготвување 20 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Сoстојки:

20 g бел кромид
25 g син патлиџан
25 g свежи пиперки 
(по можност црвени)
25 g тиквички
20 g блага пченка
50 g пилешки гради
60 g пченична тортиља
15 g масло од сусам

Во вок тава ставаме масло од сусам, по загревањето ставаме на кругчиња исецкан кромид и ги ставаме лентичките пилешки гради. Кога ќе бидат запечени пилешките гради, ги ставаме на една решетка (вадиме од тавата) и додаваме малку масло во коешто ги запечуваме свежите црвени пиперки и на коцки исецканите тиквички и син патлиџан. Ги ставаме и мексиканските зачини.

Во меѓувреме во друга тава ја загреваме тортиљата и ја полниме со зеленчук и пилешките гради.