Мисиркино месо со ајвар

Што велите за сочни пакетчиња нежно и мирисно мисиркино месо, прошарено со оној занесен вкус на чадена панчета и богата арома на ајвар? Послужено со микс од свежи крцкави зелени салати и чаша добро бело вино, ова сочно мисиркино филе со ајвар е извонредна идеја за ручек или вечера, дури и за најфините гурмански непца.

 

  • Време за приготвување 35 minutes min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

2 поголеми тенко исечени филеа од мисиркино бело месо
100 г маслинки без семки
1 лимон
врзоп магдонос
1-2 лажици ајвар
4 тенки парчиња панчета
1-2 лажици масло
сол по вкус

 

 

 

Упатство за подготовка
Мисиркиното месо истанчете го со чекан за месо, зачинете го со малку сок, попрскајте го со лимонов сок и оставете го да отстои околу 10-ина минути.
Маслинките, магдоносот и панчетата исечкајте ги ситно и измешајте ги со ајварот. Смесата намачкајте ја на една половина од секое филе, а потоа свиткајте ги во ролни и прицврстете ги со чепкалка на крајот.
Пржете ги филеата на добро загреано масло од сите страни. Кога ќе бидат готови, отстранете ги чепкалките пресечете ги на половини и послужете ги со ајвар и мешана зелена салата.

 

Белото мисиркино месо е едно од најздравите меса од живина, содржи многу малку масти, богато е со омега 6 масни киселини, витамини и минерали, како што се калиумот и витаминот А. Освен сите овие хранливи состојки, мисиркиното филе е полно и со вкусови.
За да може месото да остане меко и да ги задржи сите сокови, парчињата филе треба да се печат во рерна или на скара исечени колку што е можно подебели парчиња. Или доколку ги полниме со фил, како во овој рецепт, претходно треба да ги маринираме со малку лимонов сок и масло, што дополнително ќе го омекне месото, а мирисните зачини ќе се топат во устата.