Панирано пиле, поинаква верзија

Дали ја знаете тајната на совршено панирано пиле? Ние прво го вариме во млеко, го оставаме да се олади, го обложуваме со брашно, јајца и лебни трошки и дури тогаш го пржиме во масло.

  • Време за приготвување 45 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Свети Никола

Состојки

1 kg пилешко месо, темно (копани и наткопани) и бело, со коски
7 dl млеко
сол
бело остро брашно, јајца и лебни трошки за панирање
масло за пржење

Отстранете го вишокот масти и кожа. Исечете на соодветно големи парчиња. Варете ги парчињата пилешко месо со коски во посолено млеко околу 10-15 минути во зависност од големината. Исцедете го месото и оставете го малку да се олади. Извалкајте го во брашно, изматени јајца и лебни трошки. Пржете го пилешкото месо во масло на 180 °C само 5 минути.

Послужете со грав, варен со парчиња суви јаболка и крушки, и печен компир, полеани со крем сос со власец и рендан кашкавал.