Печени пилешки ролни

Пилешки ролни полнети со павлака и ореви, печени во рерна. Послужете ги со каша од елда и вргањ.

  • Време за приготвување 60 min

  • Ниво на сложеност Готварски предизвик

  • Тип Божик

Состојки

600 g пилешки гради без коски и кожа
1 јајце
½ dl слатка павлака
40 g моркови
20 g праз (зелениот дел)
40 g варена шунка
40 g лупени ореви
Рендана кора од лимон
сол и мелен црн пипер
100 g тенко сечена чадена сланина

Раширете ги пилешките гради, истолчете ги со чекан, исечете ги во правоаголници и посолете ги. Отсечените парчиња месо измелете го со јајце и кисела павлака. Додадете ги морковите, празот и шунката, сите исечени на мали коцки и ситно исечканите ореви. Зачинете со сол, црн пипер и кора од лимон и добро промешајте. Ставете ја смесата на крајот од секој правоаголник и завиткајте како ролна.

Ставете ги парчињата чадена сланина на алуминиумска фолија. На нив ставете ги ролните и обвиткајте ги со сланината (при тоа помогнете си со фолијата). Сега замотајте ја алуминиуската фолија околу ролните. Печете во рерна 20 минути на 190 °C. Откако ќе се испечат, отстранете ја фолијата и зачувајте го сокот од месото. Исечете ги ролните на парчиња, премачкајте ги со сокот од рерната и послужете ги со каша од елда и вргањ.