Пикантни пилешки ролати на стапче

Пилешко филе, маринирано во ворчестер сос, завиткано во тенки парчиња панцета и набодено на стапче е вистински специјалитет на секоја скара или во домашната кујна.

  • Време за приготвување 4,5 h

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки за ролатите

600 g пилешко филе
16 тенко сечени парчиња панцета
4 чери домати

Маринада

3 супени лажици концентрирано пире од домати
2 супени лажици мед
2 чајни лажички ворчестер сос
1 супена лажица свеж рузмарин
сол
мелен црн пипер
4 гранчиња рузмарин кои ќе послужат како стапчиња

Исечете го пилешкото филе на тенки ленти и маринирајте го 4 часа во мешавина од доматно пире, мед, ворчестер сос, сечкан рузмарин, сол и црн пипер.

На штица за сечење наредете по должина по две парчиња сечена панцета едно до друго. Покријте ги рамномерно сите 8 режени панцета со маринираните пилешки ленти и завиткајте ги како ролати. Набодете еден ролат на стапчето од рузмарин исчистено од листови, набодете чери домат и уште еден ролат.

Испечете ги на скара така подготвените ролати и послужете со кускус.

Пилешко филе