Пилешка чорба со кнедли од бело брашно

Пилешка чорба може да се подготви на голем број начини. Но, основата на добра пилешка чорба е вкусно и свежо пилешко месо со многу различни зеленчуци.

  • Време за приготвување 40 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Топли предјадења

Состојки

600 g пилешко месо
100 g моркови, 100 g целер
100 g келераба, 100 g кромид
100 g праз, малку карфиол
Ловоров лист, мајоран
2 супени лажици масло
сол
мелен црн пипер
околу 1,5 dl вода за запршка
1 супена лажица сечкан кромид
2 чешниња лук, 1 супена лажица брашно
Вино или оцет по желба
Кнедли од бело брашно
150 g бело брашно
1 јајце, вода, сол

Исчистете и измијте ги сите зеленчуци и исечете ги на мали паричиња. Ставете го месото, зеленчукот и зачините во ладна вода. Зачинете со сол и црн пипер и варете додека не омекнат.

Пропржете го кромидот на две супени лажици масло додека не добие светла жолта боја, додадете го изгмечениот лук и брашното и налијте вода. Добро промешајте, турете ја смесата во чорбата и оставете уште малку да се вари. Подгответе ги кнедлите од брашно со замесување на брашното, јајцето, водата и солта за да добиете тесто со средна густина. Ставете го на даска за сечење, со нож исечете кнедли и веднаш сварете ги во чорбата.

Варете ја чорбата со кнедлите 5 минути и послужете ја.