Пилешка лазања со сушен вргањ

Ова типично, сочно италијанско јадење, кој може да се послужи и како предјадење, можете да го подготвите на поинаков начини. Со пржено пилешко месо и вргањ. Пробајте го.

  • Време за приготвување 90 min

  • Ниво на сложеност Готварски предизвик

  • Тип Главни јадења

Состојки

400 g кори за лазања
500 g пилешко месо по избор
20 g сушен вргањ
100 g кромид
1 dl бело вино, масло, сол
200 g лупени домати
200 g рендан пармезан
Бешамел сос
70 g бело брашно
100 g путер, 1 l млеко
2 сечкани чешниња лук
Мелено мускатно оревче, сол
1 dl слатка павлака

За да направите бешамел сос, пржете го брашното додека не добие светло кафеава боја. Додадете лук и пржете додека не ја почувствувате аромата. Турете жешко млеко, зачинете со сол и мускатно оревче и варете ја смесата. На крајот додадете ја слатката павлака за да го разредите бешамел сосот.

Исечете го пилешкото месо на тенки ленти. Натопете ги печурките.

Пржете го сечканиот кромид на жешко масло, додадете го пилешкото месо и сечканиот вргањ. Турете бело вино и чекајте додека да испари виното, а потоа посолете. Премачкајте ја тавата за печење со малку бешамел сос и наредете кори за лазања. Повторно премачкајте со сос, а посипете со месо, пармезан и сечкани лупени домати. Повторете ја постапката трипати, а најгорниот слој треба да содржи бешамел сос, пармезан и сечкани лупени домати.

Печете во рерна на 165 °C околу 30 минути.

Пилешко филе