Пилешки наткопани со тиквички во соја-сос со мед

За мирисот на Азија на вашата маса, ќе ви требаат пилешки наткопани со кожа, маринирани со сол и мед и печени со тиквички. Слатко-киселиот специјалитет е подготвен.

  • Време за приготвување 3 h

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

8 пилешки наткопани со кожа и коски
2 супени лажица светол соја-сос
2 супени лажици масло
2 чајни лажички сенф
1 супена лажица мед
2 чешниња лук
1 супена лажица свеж магдонос
400 g тиквички
сол
мелен црн пипер
масло за тавата за печење

Излупете го и исечкајте го лукот и ситно исечкајте го магдоносот. Измијте ги тиквичките и исечкајте ги на мали коцки.

Земете длабока чинија и измешајте ги соја-сосот, маслото, сенфот, медот, лукот, солта и црниот пипер. Додадете вода ако сосот е многу густ. Не отстранувајте ја кожата од наткопаните затоа што убаво се пече и е пријатно крцкава. Потопете ги наткопаните во маринада и оставете да отстојат 2 часа. Ставете ги во тава за печење или во огноотпорна тава. Турете го остатокот од маринадата врз наткопаните. Ставете ги парчињата тиквички околу наткопаните.

Печете во рерна на 180 °C околу 30 минути. За да го направите месото посочно, повремено поливајте го со сосот од печењето.

Ставете ги печените наткопани на чинија, турете го слатко-киселиот сос од тиквички врз пилешкото и послужете со прилог.