Пилешки парчиња со оризови резанки

Пилешкото е основата на азиската кујна. Зошто да не е основа и на вашата кујна? Денес изберете оризови резанки наместо обични и подгответе ги со пилешко и зеленчук.

  • Време за приготвување 40 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

600 g пилешки наткопани без коски
150 g кромид
150 g чери домати
150 g свежи пиперки
150 g тиквички
1 кисела павлака
320 g оризови резанки
80 g путер од кикиритки
сол
мелен црн пипер
масло за пржење

Исечете ги пилешките наткопани на мали парчиња и зачинете ги со сол и црн пипер. Излупете го и исечкајте го кромидот, измијте ги и исечете ги на половина чери доматите, измијте ги пиперките и тиквичките исечете ги на ленти.

Во тава за пржење, испржете го месото на жешко масло. Откако месото ќе се коагулира, извадете го од тавата. Испржете го кромидот и сечениот зеленчук во истото масло, додадете ги киселата павлака и испрженото месо и оставете добро да преврие. Зачинете со сол и црн пипер и гответе 5 минути.

Во меѓувреме, ставете ги оризовите резанки во солена жешка вода и варете ги 3 минути. Исцедете ги и додадете ги во месото и зеленчуците.

Намачкајте путер од кикиритки на чиниите и ставете ги подготвените жешки резанки.