Пилешки виршли со пикантен зеленчук

Шаренолико јадење направено од виршли и зеленчуци кое ќе ги воодушеви и децата и возрасните. Не заборавете да ги изоставите чилито и лутиот црвен пипер кога готвите за малите.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Лесно

  • Тип Топли предјадења

Состојки

500 g пилешки виршли од ПП
120 g кромид
200 g тиквички
200 g свежи црвени пиперки
1 свежа чили пиперка
прстофат црвен лут пипер
китка магдонос
сол

Излупете и исечкајте го кромидот, исечете ги претходно измиените тиквички на ленти долги 3 cm, исечете ги пиперките на мали коцки.

Пропржете го кромидот на масло, додадете ги тиквичките, пиперките и набрзина пропржете ги сите состојки. Посолете според вкус, додадете го црвениот лут пипер и ситно исечканата чили пиперка (може да користите и сува чили пиперка, но оставете ја цела). Додадете ги виршлите исечени на тркалца, пропржете неколку минути и тргнете ја тавата од оган.

Посипете го јадењето со свежо исечкан магдонос и послужете со прилог и салата по ваш избор.

Пилешки виршли Екстра