Пилешко филе во слатко-кисел сос

Кога сакате нешто слатко и кисело, пилешкото филе во слатко-кисел сос точно она што ви треба. Тајната е во ананасот и медот. Откријте ја.

  • Време за приготвување 90 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Главни јадења

Состојки

600 g пилешко филе или наткопани
5 супени лажица светол соја-сос
1 јајце
0,5 dl млеко
Брашно за похување
масло за пржење
Сос
100 g кромид
120 g свежи зелени пиперки
120 g моркови
1 конзерва ананас во сируп (околу 150 g)
1 супена лажица оцет
2 супени лажици мед
сол 
мелен црн пипер

Исечете го месото на парчиња, зачинете со сол и црн пипер, додадете соја-сос и оставете да се маринира еден час. Натопете ги пилешките парчиња во мешавина од матени јајца и млеко и извалкајте ги во брашно. Испржете ги во врело масло и добро исцедете ги на хартиена крпа.

Сега, да го приготвиме сосот. Пропржете го исечканиот кромид во масло, додадете ги пиперките сечени на коцки, сечканиот морков и парчињата ананас. Кратко време пржете ги сите состојки, додека ананасот не го испушти сокот. Додадете ги пржените парчиња пилешко и турете сок од ананас, киселина и мед. Варете додека не се згусне сосот.

Послужете со варен ориз.

Пилешко филе