Полнети пилешки наткопани во мрежа

Ова јадење ќе го воодушеви секој гостин. Бидејќи не е само вкусно, туку и пријатно за очите. Изненадете го вашето семејство или гостите со ова мало ремек-дело од пилешко.

  • Време за приготвување 60 min

  • Ниво на сложеност Готварски предизвик

  • Тип Ладни предјадења

Состојки

2 пилешки наткопани со кожа
8 листови див лук (или бланширано зелје или спанаќ)
свеж мајоран
масло
сол
црн пипер
свинска мрежичка
Фил
150 g мелено пилешко филе
1 јајце
слатка павлака или бело вино во зависност од вашиот вкус
кора од лимон
сол

Отстранете ја коската од горниот дел од наткопанот, месото зачинете го со сол и црн пипер. Измелете го месото во блендер, додадете го јајцето и малку слатка павлака или бело вино. Зачинете со сол и кора од лимон. Ако сте на диета, отстранете ја кожата.

Пред да ја искористите, оставете ја свинската мрежичка да отстои некое време во ладна вода. Потоа раширете ја на работната површина, соодветно потсечете ја и посипете мајоран. Ставете го наткопанот со делот со кожа надолу на мрежичката и прекријте го со една половина од филот (другата половина зачувајте ја). Исплакнете ги листовите од див лук со ладна вода, ставете ги врз филот и покријте ги со остатокот од филот. Внимателно превиткајте го месото преку филот додека не ја добие оригиналната форма на наткопан. Цврсто обвијте ја свинската мрежичка околу полнетиот наткопан.

Загрејте малку масло во тава за пржење и испржете ги наткопаните од двете страни. Потоа печете ги во рерна на температура од 180 °C околу 25 минути. Копаните се готови кога месото лесно се прободува со игла и од него на површината истекува бистар сок од месо.

Пилешко филе

Пилешки копан со надкопан