Полнето печено месо од мисирка

Вистинската прослава нека почне со сочно полнето печено месо од мисирка. Послужете со зеленчук и ориз и наздравете со чаша бело вино.

  • Време за приготвување 90 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Нова Година

Состојки

1 kg пилешки гради
1 супена лажица масло
½ жолта пиперка и ½ црвена пиперка
Половина китка магдонос
200 g немасна урда
2 жолчки од јајца
2 супени лажици лебни трошки
сол и мелен црн пипер

Загрејте ја рерната на 200 °C. Измијте ги пиперките, исчистете ги и исечете ги на мали коцки. Измијте го и исечкајте го магдоносот. Измешајте ги пиперките, магдоносот, урдата, лебните трошки и жолчките од јајца и зачинете со сол и црн пипер. Измијте го и исушете го месото, сплескајте го и зачинете со сол и црн пипер. Покријте го месото со смесата од урда, завиткајте го и заврзете го со готварски конец.

Ставете го ролатот од месо на подмачкана тава за печење и ставете го во загреаната рерна. Печете околу еден час и 15 минути. После првите 20 минути, додајте 4 dl вода. Додека се пече месото, често преливајте го со сокот од тавата.

Послужете со три вида ориз и пропржен прокељ.