Полнето пиле за Свети Мартин

Идеално јадење за Свети Мартин. Вкусно полнето пиле послужено со млинци, црвена зелка и печени костени.

  • Време за приготвување 2,5 h

  • Ниво на сложеност Готварски предизвик

  • Тип Свети Мартин

Состојки

1 пиле, 1,5–2 kg

Фил
300 g пилешки наткопани без коски и кожа
50 g сечкан црвен кромид
1 сечкано чешне лук
1 супена лажица масло
1 јајце
100 g бел леб
1 dl слатка павлака
80 g лупени ореви
100 g маринирани шампињони
80 g варени моркови
сол и мелен црн пипер
100–150 g тенко сечени парчиња чадена сланина
Зеленчук за супа (кромид, моркови, праз, целер, келераба...)
2 dl супа од кокошка 1 dl бело вино за тавата за печење
1 супена лажица густин (по потреба)

За филот, испржете го на масло исечканиот кромид и лук во тава за пржење да станат златно жолти. Ставете во блендер 100 g од пилешките наткопани и јајцето и измиксирајте ги. Останатото месо исечкајте го на коцки и посолете го. Додајте го белиот леб натопен во слатка павлака на измеленото месо, зачинете со сол и црн пипер. Додајте ги оревите, шампињоните, варените моркови исечени на коцки, пржениот кромид и лук и остатокот од пилешките наткопани Добро измешајте.

Измијте го целото пиле и исушете го. На грбот на пилето засечете ја кожата по должина, со нож извадете го 'рбетот и градните коски, а оставете ги коските на копаните. Отворете го месото, посолете го и наполнете ја средината со подготвениот фил. Кренете ги двете страни на пилето и повторно обликувајте го во првобитната форма. Прекријте ги пилешките гради со тенки ленти чадена сланина и заврзете со готварски конец. Ставете го пилето во тава за печење, додајте ја супата, виното и зеленчукот за супа исечкан на парчиња.

Печете го пилето околу еден до еден ипол час на 170 °C до 180 °C. Од време на време преливајте го месото со сосот од тавата и по потреба додајте вода. Кога ќе се испече, извадете го од рерната, извадете го готварскиот конец и држете го на топло половина час. Извадете ја маста од сосот. Ако е потребно згуснете го сосот со густин изматен во малку ладна вода и добро сварен. Исечете го печеното пиле на парчиња и разделете го на чиниите. Во секоја чинија треба да има бело месо со фил и парчиња копан.

Се служи со црвена зелка, млинци, печени костени и сос.