Раженчиња од пилешко и зеленчук

Раженчиња од каков било вид се неизбежен дел од секоја скара, бидејќи сите генерации ги сакаат. Направете ги уште поинтересни со разнобоен зеленчук и два различни вида месо.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Топли предјадења

Состојки

400 g пилешко филе
100 g виршли со кашкавал
160 g свежи пиперки во разни бои
150 g тиквички
8 чери домати
маслиново масло
сол
мелен црн пипер
.

Измијте го пилешкото филе, пиперките и тиквичките и исечете ги на мали парчиња. Исечете ги виршлите на мали ленти долги 2 cm. Измешајте ги маслиновото масло, солта и црниот пипер за да направите маринада. Премачкајте го месото со маринадата.

Земете стапче и наизменично нанижете го пилешкото месо, виршлите, пиперките, доматите и тиквичките.

Печете ги раженчињата на топла плотна за скара околу 10 минути. Додека се пече на скарата, често премачкувајте го месото со маринадата. Испечете ги раженчињата од сите страни и послужете ги со салата или прилог по ваш избор.

Пилешко филе

Пилешки виршли со кашкавал