Салата Поли

Кога сакате нешто свежо кое во исто време и заситува, пригответе ја оваа салата од тестенини со Поли, кашкавал и зеленчук, која може да се понуди и како прилог на месо.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Лесно

  • Тип Ладни предјадења

Состојки

200 g салама Поли
160 g кашкавал Гауда
200 g домати
200 g слатка пченка од конзерва
320 g тестенини – ситни макарони полжавчиња
1 кисела павлака
сол, мелен црн пипер
масло за тестенини

Сварете ги тестенините во солена вода, добро исцедете ги, попрскајте ги со масло и оставете да се изладат.

Исечкајте ги саламата Поли, кашкавалот и доматите на мали парчиња и ставете ги во поголем сад. Додајте ја исцедената пченка, сол, црн пипер, киселата павлака во изладените тестенини. Добро измешајте за да добиете хомогена маса.

Ставете го садот во ладилник да се излади и послужете.

Поли