Салата со топли ленти од мисиркино месо

Ако мислите дека на вашата салата ѝ треба нешто посебно, додајте топли ленти од мисиркино месо. Ладниот прелив од јогурт ја дава потребната свежина.

  • Време за приготвување 30 min

  • Ниво на сложеност Многу едноставно

  • Тип Ладни предјадења

Состојки

400 g филе од мисирка
Сок од половина лимон
150 g путер марула
200 g домати
150 g краставици
100 g слатка пченка од конзерва
200 g моцарела
1 обичен јогурт
1 dl кисела павлака
0,5 dl јаболков оцет
сол, мелен бел пипер
маслиново масло за пржење

Исечете го филето од мисирка на тенки ленти, зачинете го со сол и црн пипер, попрскајте со сок од лимон и испржете го на маслиново масло.

Исчистете ја марулата, додајте ги доматите исечкани на парчиња, краставиците, исцедената слатка пченка и моцарелата.

За прелив, измешајте го јогуртот, киселата павлака, оцетот, солта и црниот пипер. Прелијте ја салатата со преливот од јогурт, нафрлете ги топлите ленти од мисиркино месо и послужете.