Стек од мисирка во сос од кромид

Месо од мисирка на скара, панирано или во сос. Што му е омилено на вашето семејство? Пробајте ги во сос од кромид, со прилог од компири.

  • Време за приготвување 45 min

  • Ниво на сложеност Лесно

  • Тип Главни јадења

Состојки

600 g филе од мисирка (4 стека)
1 кесичка крем супа од сув кромид
5 dl павлака за готвење
1 dl вода

Истолчете ги стековите со чекан за месо и ставете ги во огноотпорен сад или длабока тава за печење. Не ставајте сол затоа што супата од кромид е доволно солена.

Посипете ги стековите со сувата супа и турете ја павлаката за готвење. Турете 1 dl вода ако сакате потечен сос.

Загрејте ја рерната на 180 °C и печете ги стековите 25–30 минути. Посипете со пржен кромид и послужете го јадењето со прилог по ваш избор.