Австриско-штаерско пржено пиле со салата од компири и мајонез од тиква

Состојки:

 

Пржено пиле

1 пиле

40 гр. семки од тиква

100 гр. лебни трошки

100 гр. брашно

2 јајца

500 гр. свинска маст

сол

свежо мелен црн пипер

 

Салата од компири

1 кг. компири

1 главица црвен кромид

2,5 дл фонд за говедска супа

4 лажици оцет (најдобро оцет Хесперидин)

5 лажици масло од репка

1 чајна лажичка сенф (најдобро естрагон)

1 лажица шеќер во прав

1 јаболко, на пример од сортата Елстар

сол

свежо мелен црн пипер

 

Мајонез од тиква

2 жолчки

20 мл јаболков оцет

1 чајно лажиче сенф (најдобро естрагон)

1 прстофат каенски пипер

80 мл масло од тиква

80 мл масло од репка

сол

 

Количина: за 6 лица

Пилето го миеме со студена вода, го сушиме и го сечеме на парчиња (види совет). Семките од тиква грубо ги сечкаме и во чинија ги мешаме со лебните трошки. Во друга чинија го сееме брашното, а во трета, длабока чинија, ги матиме јајцата. Парчињата пиле ги посолуваме, додаваме црн пипер и ги панираме во брашното, јајцата и трошките со семките од тиква. Во длабока тава ја загреваме маста на околу 170 °C и во неа околу 20 минути ги пржиме парчињата пиле додека не се заруменат. Ги отцедуваме на кујнски бришачи.

Компирите за салата неизлупени ги вариме во солена вода од 15 до 20 минути, за да не омекнат премногу. Потоа ги цедиме и ги оставаме во покриено тенџере да се оладат, а потоа ги лупиме и ги сечеме на резанки. Кромидот го лупиме и го сечкаме на ливчиња. Течноста за супа ја загреваме, го додаваме кромидот, повторно зовриваме и потоа со неа ги преливаме компирите. Го додаваме оцетот, маслото, сенфот, шеќерот во прав, посолуваме и промешуваме. Јаболкото го сечеме на ситни резанки и го замешуваме во салатата.

Мајонезот го подготвуваме така што во сад со рачен миксер ги матиме жолчката, оцетот, сенфот, 30 мл вода, каенскиот пипер и половина чајна лажичка сол. Полека ги додаваме двата вида масло и мешаме за да ја добиеме посакуваната структура.

Прженото пиле го послужуваме со салата и мајонез.

 

Како го сечеме пилето на парчиња

  1. Од исчистеното пиле најнапред ги сечеме крилцата. Крилцето го свиткуваме кон надвор и го отсекуваме со делот од месото од градите, ќе го побараме зглобот од колкот и го отсекуваме до крај. Некои готвачи не ги отсекуваат крилцата, туку ги оставаат на делот од градите. Горниот дел од крилцето го отсекуваме и го отстрануваме.
  2. Пилето го ставаме на грб и ги одделуваме копаните, така што најнапред ја преселуваме кожата меѓу градите и копанот. Со ножот го бараме зглобот од коската од копанот и рбетот, а потоа копанот со вртење го свиткуваме кон надвор, за да излезе коската од зглобот на колкот. Копанот го исекуваме заедно со овалното парче месо. Пилето го превртуваме и истото го правиме и со другиот копан.
  3. Ги отсекуваме градите. Со ножот засекуваме во месото веднаш покрај градната коска, а потоа ја пресекуваме градната коска. Пилето го ставаме со градите надолу и го отсекуваме рбетот со ребрата. Ако не ги отсечеме крилцата, тие остануваат на градниот дел. Рбетот го фрламе или го користиме за подготвување на супа.
  4. Ако пилето е големо, копаните ги преполовуваме во зглобот, за парчињата на градите накосо ги преполовуваме, така што засекуваме низ месото и ребрата. По желба ја отстрануваме кожата од копаните и градното месо.