Едноставна пилешка чорба

Состојки:

500 гр. пилешко месо

200 гр. карфиол

100 гр. грашок

50 гр. келераба

4 моркови

2 страка праз

2 чешниња лук

1 главица кромид

маслиново масло

5 дл течност за супа

црвен пипер

хималајска сол

црн пипер

мајоран

2 свежи ловрови листа

2 гранчиња свеж магдонос

 

Количина: за 4 лица

Целиот зеленчук го чистиме и го сечкаме. Месото го сечкаме на парченца, го посолуваме и го зачинуваме со црн пипер.

На маслиново масло го препржуваме сечканиот кромид и лукот, го додаваме црвениот пипер и 1 дл топла вода. Потоа го додаваме уште и исечканото пилешко месо и зеленчукот и пржиме неколку минути.

Залеваме со течноста од супа, ги додаваме зачините и по потреба вода, за да се покрие целиот зеленчук. Чорбата ја вариме околу 45 минути и повремено ја мешаме.

 

Со кнедли или без

По желба во чорбата може да додадеме и кнедли. Рецептот е на страница XY.

 

Албина Вршич, Словенија