Фит пиле во кесичка

Состојки:

500 гр. пилешки копани

200 гр. компири

200 гр. печурки

1 зелена пиперка

1 жолта пиперка

1 тиквичка

2 прстофата чаден црвен пипер

1 лажичка синапово семе

неколку ливчиња рузмарин                                                        

гранче копар

црн пипер

сол

 

Количина: за 4 лица

Пилето го миеме, го сушиме и го зачинуваме. Зеленчукот го чистиме, го сечкаме и го посолуваме.

Пилето, зеленчукот и зачините без додавање на масло го ставаме во кесичка за печење. Кесичката ја ставаме во тавче и печеме на 200 °C околу 1 час.

 

Мубера Булбулушиќ, Босна и Херцеговина