Халошки „ајмокац“ со кнедлички

Состојки:

500 гр. пилешки џигерчиња, желудници, срца и врат

1 помала главица кромид

магдонос

сол

ловоров лист

мајчина душица

мајоран

рузмарин

0,3 дл масло

2–3 лажици остро брашно

1 благ црвен пипер

црн пипер

½ дл бело вино (лашки ризлинг или вино со слична арома)

 

Кнедлички

2 помали јајца

1 лажица масло

200-250 гр. остро брашно

 

Количина: за 4 лица

Пилешките внатрешни органи и вратот ги сечкаме на помали парчиња. Кромидот и магдоносот ситно ги сечкаме.

Во 1,5 л вода го вариме месото со кромидот, магдоносот и другите зачини.

Додека се вари месото, ја подготвуваме смесата за кнедлите, така што ги мешаме јајцата, маслото и брашното. Масата нека одмора најмалку половина час.

Откако месото ќе се свари, подготвуваме запршка. Во тава тураме масло, го додаваме брашното и благиот црвен пипер и препржуваме. Жешката запршка ја додаваме во супата којашто полека врие и мешаме за да не се направат грутчиња. Го додаваме уште и црниот пипер и виното, коешто ќе ја закисели супата.

Во супата ги додаваме малите кнедлички, така што смесата ја обликуваме со виљушки. Ја оставаме супата да врие уште околу 10 минути за да се сварат кнедличките.

Како ги обликуваме ?

Кнедличките може да ги оформиме и така што ќе ги ставиме во кесичка за филување и ќе ги истиснеме во жешката супа.

 

Лидија Видович Плохл, Словенија