Кокошка со кајмак

Состојки:

1 кокошка

путер или свинска маст

1 главица кромид

1 морков

половина црвена пиперка

половина зелена пиперка

2 лажици брашно

3 лажици кајмак

4 дл фонд за супа од кокошка

 

Количина: за 8 лица

Кокошката претходно ја печеме или ја вариме.

Го подготвуваме сосот. На растопениот путер или маст го пропржуваме исечканиот кромид, за да се зарумени, а потоа го додаваме морковот исечкан на тркалца. По потреба малку вода, за да не загори. Кога ќе проврие водата, ја додаваме исечканата пиперка, а потоа и брашното, кајмакот и течноста за супа.

Сосот го процедуваме. Варената или печената кокошка по желба ја сечеме на парчиња. Месото го ставаме во сад за послужување и го додаваме сосот.

 

Радмила Пјевач, според Готвачот на Софија Мирковиќ, 1913, Србија