Кокошкина супичка за душа

Состојки:

1 кокошка

1/2 праз

4 моркови

1 главица кромид

1/4 корен од целер

магдонос

селен

2 лажици масло

сол

 

Количина; за 4 лица

Кокошката ја сечеме на парчиња (види на стр. XY) и месото го посолуваме. Целиот зеленчук го миеме, по потреба го лупиме и го сечкаме. Месото и зеленчукот набрзина ги препржуваме на малку масло, а потоа истураме вода, посолуваме и вариме 50 до 60 минути. Варената супа ја прецедуваме.

Од парчињата кокошка, коишто имаат повеќе месо, ги отстрануваме коските и месото го враќаме во супата. Ќе добиеме прекрасна бистра супичка за душа, во којашто може да ставиме тоа што имаме при рака или пак да подготвиме солени бисквити за во супа.

 

Дарко Кегл, одгледувач ППР, Словенија