Мини печено Штефани на птујски начин
Состојки:
4 пилешки плескавици (може со кашкавал )
6 јајца
2 лажици брашно
1 дл вода
лебни трошки за панирање
масло за пржење
прстофат сол
Количина: за 4 лица
Ги вариме четирите јајца, средината треба да остане течна (полека нека вријат околу 6 минути) и ги ставаме во студена вода. Кога ќе се оладат ги лупиме.
Плескавицата ја ставаме меѓу два листа хартија за печење и благо ја сплескуваме. Јајцето го обвиваме со сплесканата плескавица и формираме топче.
Во првата чинија го тураме брашното и му додаваме малку вода, во втората ги матиме двете јајца и малку ги посолуваме, а во третата чинија ги истураме трошките. Топчето го панираме така што го валкаме во брашното, јајцето и лебните трошки.
Постапката ја повторуваме со останатите јајца и плескавици. Топчињата полека ги пржиме во жешко масло околу 8 до 10 минути за да станат златно румени. Ги послужуваме со сезонска салата.