Печена мисирка со сланина
Состојки:
1 мисирка (со тежина од 3 до 3,5 кг)
12 парчиња сланина
100 гр. маст
7 дл супа или коцка за супа
Количина: за 6 лица
Мисирката ја посолуваме однадвор и одвнатре и ја оставаме да одмора неколку часа.
Мисирката ја ставаме во тавче и ја обложуваме со парчиња сланина. Во сад ја загреваме маста и со неа ја преливаме мисирката. Ја печеме во рерна на 180 °C до 2 часа. Во текот на печењето ја преливаме со супа или со коцката за супа.
Кога ќе се испече мисирката го истураме вишокот мрснотија во сад и додаваме малку жешка вода. Со тој сок по желба го полеваме исечканото месо кога ќе го послужиме.
Ксенија Арбајтер, според рецептот на баба Марија Видович, Словенија