Печени пилешки гради со моцарела, домат и босилек

Состојки:

2 парчиња пилешки гради

150 гр. рендана моцарела

маслиново масло

сол

црн пипер

оригано

црвен пипер

сок од лимон

јајца

лебни трошки

100 гр. пасирани домати

125 гр. мини моцарела

10 шери домати

свеж босилек

 

Количина: за 2 лица

 

Пилешките гради ги преполовуваме и оформуваме џеб, којшто го полниме со ренданата моцарела. Месото го премачкуваме со малку маслиново масло и го зачинуваме со сол, црн пипер, оригано, црвен пипер и сок од лимон.

Месото го валкаме во брашно, матени јајца и лебни трошки. Го пржиме на жешко масло, околу 3 до 4 минути од секоја страна, за да се создаде златна коричка.

Дното на огноотпорен сад го прекриваме со пасираните домати, а врз нив го ставаме прженото месо. Ги додаваме мини моцарелите, измиените чери домати, ливчињата босилек и врз него истураме неколку капки маслиново масло. Пилешките гради ги посипуваме со парчиња моцарела и во рерна печеме на 180 °C околу 20 минути.

 

Михаи Ботан, Романија