Печени пилешки надкопани со кремлив сос од ореви
Состојки:
8 пилешки надкопани
1 лажичка ким (ориентален ким)
½ лажичка црвен пипер
2 лажици маслиново масло
100 гр. леб од претходниот ден
1,5 дл жежок фонд за пилешка супа
175 гр. јатки од орев
1 мала главица кромид
2 чешниња лук
0,5 дл павлака за готвење
сок од 1 лимон
сол и црн пипер
Количина: за 4-6 лица
Рерната ја загреваме на 200 °C. Пилешките надкопани ги посолуваме и ги зачинуваме со кимот и црвениот пипер. Ги ставаме во помало тавче, додаваме 1 лажица маслиново масло, мешаме, тавчето го ставаме во рерната и печеме 40 минути за да се запечат убаво надкопаните.
Во меѓувреме го сечеме лебот, во сад го полеваме со неколку лажици течност за супа и оставаме да се натопи. Во тавче околу 3 минути ги пржиме јатките од орев и ги ставаме настрана.
Кромидот и лукот ситно ги сечкаме. Во тавата ја тураме втората лажица масло и ги пржиме кромидот и лукот, за да омекнат. Во миксер го ставаме натопениот леб, мешавината од кромид и лук и поголемиот дел од оревите (неколку оставаме за посипување), го преливаме со остатокот од течноста за супа и миксираме, за да добиеме густа паста. Ја враќаме во тавата, ја додаваме павлаката и сокот од лимон, зачинуваме со сол и црн пипер и оставаме да стои на топло.
Печените пилешки надкопани ги послужуваме со сос од ореви. Пред да ги послужиме ги посипуваме со останатите исечкани ореви.
Списание Добер тек, Словенија