Пиле со обвивка од леб

Состојки:

1 пиле

0,5 кг. бел леб

3 јајца

половина шолја брашно

сол

црн пипер

магдонос

масло за тавчето.

 

Количина: за 6 лица

Лебот го сечкаме на помали парчиња, коишто ги потопуваме во жешка вода. Кога ќе омекне, му ги додаваме јајцата, брашното, солта, црниот пипер и ситно исечканиот магдонос. Добро измешуваме.

Пилето го зачинуваме со сол и црн пипер и го ставаме во тавчето коешто сме го премачкале со масло. Околу пилето ја распоредуваме обвивката од леб (до висина од 3 cм) и тавчето го ставаме во рерна, загреана на 200 °C, и печеме околу час и половина, за да добие златно жолта боја.

 

Рената Ловрак, Словенија