Пилешка панцерота со прелив

Состојки:

Тесто

1 кг. брашно

1 чашка јогурт (1,8 дл)

2 јајца

1 дл масло

4 дл млеко

1 кесичка сув квасец

1 кесичка прашок за печиво

2–3 лажички сол

1 јајце за премачкување

сусам или други семиња за посипување (по желба)

 

Полнење

500 гр. пилешко филе

200 гр. шампињони

100 гр. сирење трапист, едамер или гауда

суви зачини по желба

 

Прелив

5 големи лажици кисела павлака

2 големи лажици јогурт

сол

црн пипер

копар

мелен лук (по желба)

 

Количина: за 4 лица

 

За тестото ги мешаме јогуртот, 2 јајца, половина шолја масло, 2 шолји млеко, кесичката квасец, прашокот за печиво и 2-3 лажички сол. Како мерка можеме да ја употребиме чашка од јогурт. Го додаваме брашното и мешаме со миксер. Потоа тестото го покриваме и го ставаме во ладилник.

За полнењето го сечеме пилето на коцкичи и го препржуваме на масло во тава. Му ги додаваме сечканите шампињони, зачинуваме по желба и го динстаме.

Тестото го делиме на повеќе делови и ги расукуваме во тркалезна форма, со дебелина од околу 1 цм. Дијаметарот на кругот нека биде околу 20 цм.

Врз тестото го ставаме подготвеното полнење и додаваме неколку коцки исечкано сирење. Тестото го преклопуваме и рабовите ги запечатуваме со виљушка. Маслениците ги премачкуваме со матено јајце и по желба ги посипуваме со сусам или семиња. Ги ставаме во тавче, прекриено со хартија за печење и печеме на 200 °C околу 15 минути, убаво да се заруменат.

За преливот ја мешаме павлаката, јогуртот и зачините и преливот го послужуваме со печените панцероти.

За повеќе денови

Тестото за панцероти може да го подготвиме и порано и да го користиме како одделни порции, бидејќи во ладилник може да се чува и до 7 дена.

 

Мерхана Алиќ, Босна и Херцеговина