Пилешки копани со семиња од сончоглед и пармезан

Состојки:

4 пилешки копани

4 прстофати ким

4 прстофати мајарон

сол

80 гр. семиња од сончоглед

1 лажица рендан пармезан

2 чешниња лук

4 лажици маслиново масло

половина шолја течност за супа

црн пипер

2 дл пиво

масло за печење

 

Количина: за 2 лица

Од копаните ги отстрануваме коските, ги посолуваме, додаваме црн пипер и посипуваме со мајоран и ким.

Филот го подготвуваме така што семињата од сончоглед ги сечкаме, го додаваме пармезанот, згмечениот лук, маслиновото масло и фондот за супа, а по желба и црн пипер. Копаните ги премачкуваме со филот, ги свиткуваме и ги прицврстуваме со чепкалки.

Месото го пржиме намрсена тава или го печеме на скара. Во текот на печењето повеќепати ги премачкуваме со масло и ги полеваме со пиво.

 

Мајда Сречко, Словенија