Пилешки копани во сос од црвено вино со грозје

Состојки:

2 пилешки копана со коски и кожа

1 еден поголем сладок компир

1 поголема тиквичка

300 гр. црвено грозје

250 мл. квалитетно суво црвено вино

1 лажица мед

1 лажица маслиново масло

2 лажици сенф со семиња

1 лажица рендан свеж ѓумбир

сол

свежа мајчина душица

 

Количина: за 4 лица

За сосот во сад ги мешаме виното, медот, маслиновото масло, сенфот и ѓумбирот.

Слаткиот компир го лупиме и го сечкаме на коцки со големина од 2 цм, а тиквичката на тркалца со дебелина од 1 цм. Грозјето го миеме и внимателно го сушиме со хартиен бришач.

Во подлабоко тавче го ставаме месото, коешто добро сме го посолиле, го преливаме со подготвениот сос и ги додаваме зеленчукот и грозјето. Тавчето го покриваме со капак или алуминиумска фолија. Печеме во рерна околу час и половина на 200 °C. Потоа го отстрануваме капакот и печеме уште 20 минути за да добие пилето златно жолта боја.

 

Ведрана Орловиќ, блогерка @kefirolicious, Хрватска