Пилешки желудници во сос од павлака

Состојки:

500 гр. пилешки желудоци

1 главица кромид

1 зелена пиперка

2 прстофата благ црвен пипер

црн пипер

сол

2 лажици кисела павлака

2 лажици масло

 

Количина: за 4 лица

Во тава на масло го препржуваме исечканиот кромид, за да се зарумени и ги додаваме желудниците исечкани на мали парчиња. Ја додаваме и ситно исечканата зелена пиперка и зачинуваме.

Залеваме со малку вода и покриено го динстаме околу еден час, а за тоа време повеќепати промешуваме. Кога желудниците ќе омекнат, во сосот додаваме уште 2 лажици кисела павлака и промешуваме.

 

Нешто друго?

Желудниците може да ги послужиме и со тестенини или со кнедли. Рецептот за кнедлите е на страница XY.

 

Домашни њоки

1 кг. компири

400 гр. брашно

3 гр. путер

2 јајца

сол

 

Компирите неизлупени ги ставаме во студена вода и ги загреваме до вриење, а потоа го вариме додека не омекнат (20 до 30 минути) и ги цедиме. Кога малку ќе се изладат ги лупиме и ги гмечиме во голем сад. Го додаваме брашното, на парченца исечканиот путер, јајцата и солта и сето заедно го месиме. На набрашнета работа површина месиме долги валчести ленти, коишто ги сечеме на помали парчиња и малку ги притискаме со виљушка. Њоките ги вариме во голема количина голема осолена вода. Кога ќе испливаат на површината ги вариме уште две минути и ги цедиме.

 

Рената Ловрак, Словенија