Пилешко месо а ла Боба

Состојки:

700 гр. пилешки надкопани без коска и кожа

1 голема главица кромид

2 моркова

1 зелена пиперка

1 црвена пиперка

3 чешниња лук

100 гр. грашок (може замрзнат)

200 гр. боранија

300 гр. пченка (може од конзерва)

6 лажици масло

сол

црн пипер

рузмарин

магдонос

босилек

жалфија

2 дл фонд за супа (по потреба)

 

Количина: за 6 лица

Во длабоко тенџере загреваме 5 лажици масло и на него го препржуваме месото. Месото го ставаме на чинија, а во тенџерето додаваме една лажица масло и на него ја го препржуваме ситно исечканиот кромид и исечканиот морков.

Кога ќе омекне кромидот, ги додаваме исечканите пиперки, исечканиот лук, грашокот (ако користиме замрзнат го додаваме истовремено со пченката) и исчистената и исечкана боранија. Кога ќе омекне зеленчукот, во тенџерето ги додаваме пченката и печеното месо и динстаме 10 минути. По потреба додаваме од течноста за супа. Посолуваме, додаваме бибер, прстофат рузмарин, магдонос, босилек и два листа жалфија. По 10 минути го тргаме јадењето од оган и додека е сеуште топло го послужуваме.

Избор

Наместо надкопани може да употребиме и пилешко филе.

 

Слободанка Станковиќ, Србија