Полнето пиле

Состојки:

поголемо пиле (околу 2,4 кг)

2 парчиња бел леб

1 дл млеко

250 гр. пилешки внатрешни органи (џигерчиња, желудник, срце)

1 црвен кромид

1 јајце

магдонос

сол

црн пипер

 

Количина: за 8 лица

Исчистеното пиле го миеме и го посолуваме однатре и однадвор.

Белиот леб го потопуваме во млеко, го цедиме и го премесуваме со раце. Внатрешните органи од пилето ситно ги сечкаме (џигерчињата ги лупиме со нож и ги сечкаме, го додаваме исечканиот кромид, солта и малку вода и сето тоа го препржуваме во тава). Оставаме да се олади, потоа со мешање ги додаваме јајцето, исечканиот магдонос, натопениот и исцеден леб, солта и црниот пипер.

Со смесата ја полниме внатрешноста на пилето и џепчињата од надворешната страна, коишто ќе ги направиме така што со рацете ќе ја одделиме кожата меѓу копанот и белото месо. Отворот го зашиваме со конец или го затвораме со чепкалки.

Пилето го ставаме во тавче, го полеваме со малку масло и додаваме малку вода. Го печеме на 200 °C околу 2 часа. Додека се пече го вртиме за да се запече убаво од двете страни. Не треба да заборавиме пред сервирањето внимателно да ги извлечеме конците или да ги отстраниме чепкалките.

 

Дијана Пругиниќ, Србија