Прекриени компири, печени во рерна со сланина, шунка и сирење

Состојки:

5 компири со средна големина

500 гр. рендана моцарела

300 гр. сланина

400 гр. шунка Поли Хеми на парчиња

сол

црн пипер

црвен пипер

масло за тавчето.

 

Количина: за 4 лица

Во тркалезното тавче истураме масло. Во него ги ставаме парчињата сланина, така што почнуваме од средината и го прекриваме целото тавче, а парчињата сланина на сите страни треба во поголем дел да штрчат преку работ на тавчето. Врз сланината ставаме слој од компири, коишто претходно ги лупиме и ги сечкаме на тенки тркалца. Компирите ги посолуваме, додаваме црн пипер и црвен пипер, ренданото сирење и парчињата шунка.

Постапката ја повторуваме за да добиеме три слоја компири, а на крајот сето тоа го прекриваме со парчиња сланина. Печеме на 180 °C околу 60 минути.

 

Даниела Цимпои, Романија