Пржени пилешки џигерчиња со јајца

Состојки:

две раце пилешки џигерчиња

1 главица кромид

4 јајца

парченце путер

сол

црн пипер

свеж магдонос или власец

 

Количина: за 2 лица

Исечканиот кромид го препржуваме, за да стане стаклест. Џигерчињата ги сечкаме на парчиња и му ги додаваме на кромидот. Ја додаваме и солта и црниот пипер, а по потреба додаваме и малку вода.

Јајцата и матиме и им ги додаваме на џигерчињата, за да се запечат. Го додаваме уште и парченцето путер, за да останат меки. Пред послужувањето ги посипуваме со магдонос или со власец.

 

Михела Медвед, Словенија