Рижото со пиле и тиквички

Состојки:

400 гр. пилешки гради

2 шолји ориз за рижото

1 поголема тиквичка

1 рака замрзнат грашок

1 главица кромид

2 чешниња лук

6 дл течност за супа (или повеќе, по потреба)

сол

црн пипер

мајчина душица

малку лушпа од лимон

1 лажица масло

пармезан, при послужувањето

 

Количина: за 4 лица

Тивкичката ја сечкаме на коцки, коишто ги препржуваме во намрсена тава, за да добијат златно кафена боја. Ги ставаме на чинија и ги посолуваме. Во истата тава ги препржуваме уште и пилешките гради исечкани на коцки, исечканиот кромид и лукот. Посолуваме и го додаваме оризот, којшто го препржуваме, за да добие стаклест изглед.

Оризот го преливаме со една кутлача течност за супа и го вариме додека не ја впие целата вода. Повторно го преливаме со една кутлача жежка течност за супа и мешаме. Постапката ја повторуваме додека оризот не омекне.

На крајот го додаваме уште и замрзнатиот грашок, црниот пипер, мајчината душица, кората од лимот, ги додаваме веќе препржените тиквички и голема лажица масло. Добро промешуваме за да добиеме кремливо рижото и веднаш го послужуваме.

 

Мартина Иваншек, Словенија